Димитриевски: На 17ти да покажеме дека Куманово секогаш бил град на непокор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска со последна прес конференција воочи вечерашниот предизборен молк, ги повика граѓаните в недела да ја дадат поддршката на концептот „За наше Куманово“.

Loading...

Како што рече, со тоа граѓаните ќе покажат дека Куманово секогаш бил град на непокор и град којшто предизвикувал сериозни промени на подобро во нашето општество.

– Куманово е наш град, во недела одлучуваме за иднината на нашиот град, дали во следните четири години Куманово ќе продолжи да се развива и шири. Да се трансформира во еден модерен, урбан, чист град кој што нуди перспективи. Почитувани, ве повикувам во недела на 17ти сите масовно да излезете на гласање за претстојните локални избори и да ја дадете својата поддршка за концептот „За наше Куманово“, за мене како ваш сегашен и иден градоначалник под реден број 80 и за советничката листа „За наше Куманово“, граѓанска иницијатива предводена од Ивана Ѓоѓриевска и реден број 61, рече Димитриевски.

 

 

Куманово, вели тој, заслужува да продолжи да се развива и да се шири.

– Куманово секогаш во својата историја бил предвесник на одредени промени, ајде заедно да продолжиме да го градиме наше Куманово, за мое, твое, за наше Куманово, сите заедно на 17ти да покажеме дека Куманово секогаш бил град на непокор и град којшто предизвикувал сериозни промени на подобро во нашето општество, им порача Димитриевски на граѓаните.

Loading...

Никола Ивановски