Димитриевски: Куманово отсекогаш низ историјата било предвесник на големи промени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Куманово отсекогаш низ историјата било предвесник на големи промени“, рече денеска независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, откако го оствари своето избирачко право.

Loading...

– Посакувам успешен ден, масовен одѕив. Денеска сметам дека ќе победи Куманово и демократијата. Куманово отсекогаш низ историјата било предвесник на големи промени како на локално, така и на државно ниво. Посакувам успех, рече Димитриевски.