Димитриевски: Ќе се бориме за департизација на безбедносните структури во државата (видео)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за пратеник во втората изборна единица од листата на СДСМ, Максим Димитриевски денеска имаше средба со членовите на Здружението на поранешни воени и полициски ветерани во Куманово со цел како што рече да се укаже на реалнсота во која денеска се наоѓа одбраната и безбедноста на државата.

Според Димитриевски, одбраната во Република Македонија е доведена на дното во општеството, а Министерството за внатрешни работи е партизирано.

Социјалдемократскиот сојуз по добивање на изборите на 11-ти декември затоа со коалиционите партнери во рамките на Планот за живот во република Македнија има намера и презема обврска да ја департизира одбранбената и безбедностата состојба во државата. Конкретно со низа на мерки првенствено ќе направиме во одбраната комплетна ревизија на сите постоечки договори бидејќи сметаме дека има многу елементи за евентуални злоупотреби. Ќе ги исплатиме сите парични средства кои Министерството за одбрана им ги должи на припадниците на одбраната и конкретно на Армијата на република Македонија по основ на пари за одвоен живот, закупнина, наисплатени дневници и слично рече Димитриевски.

Димитреивски вети и дека СДСМ ќе презеде обврска за донесување нов закон со кој ќе се уреди состојбата на војнците по навршување на 45 години и нивното заминување од служба.

Во делот на решавање на проблемот за сместување на војниците бидејќи проектот АРМ мојот вистински дом заглави во лавиринтот на преродбата ќе преземеме обврска да го решиме станбеното прашање со припадниците на АРМ со можност за изградба на бараки за сместување во рамки на воените касарни исто така и изградба на социјални станови и станови за употреба од страна на припадниците на АРМ – вели Димитриевски.

Тој вети дека откако СДСМ ќе дојде на власт одбраната ќе се подигне на едно повисоко ниво и ќе се овозможи професионалците да делуваат во службата.