Димитриевски ќе бара одговорност од менаџментот на градинката поради труењето со храна

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави  дека ќе побара одговорност од менаџметот на градинката „Ангел Шајче“ откако микро-биолошките испитувања на храната покажаа присуство на салмонела, поради која десетици деца завршија во болница.

Loading...

Како што рече Димитриевски сочувствува со граѓаните кои имаат проблем со нивните деца и ја следи состојбата.

Од директорката на установата побарал писмена информација за случајот, но ќе почека да се произнесат надлежните служби, по што најави и дека ќе бара одговорност од директорката.

– Ако ме прашате дали треба да има одговорност, апсолутно треба да има одговорност, бидејќи недозволиво е во денешни услови, во такви инвестиции и капацитети да ни се јави салмонела. Ова не е прв случај на ниво на Општина Куманово, но прв случај во детските градинки. И ако имате веќе еден изграден систем за контрола и се почитуваат сите процедури мора да дошло до одредени пропусти за да се случи тоа, рече Димитриевски.

Сепак дел од ингеренциите врз детските градинки му се одземени на кумановскиот градоначалник од поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Како што знаете во рамки на детските градинки своевремено кога се водеше постапка за избор на менаџер на детската градинка ми беа одземени ингеренциите и во овој момент не сакам да давам повеќе информации во јавноста додека не ги согледам сите информации и аргументи. Одговорно лице за менаџирање на градинката е директорот на градинката и Управниот одбор како орган на одлучување и верувам дека ќе добијат дополнителни информации од надлежните служби бидејќи се работи за поделено ниво на одговорност и тоа во делот на надлежностите Министерството за труд и социјална политика и Општина Куманово, вели Димитриевски.

Инаку кај 31 дете и тројца вработени во градинката испитувањата покажаа присуство на Салмонела, која подоцна била откриена во мостри земени од мајонез од кујната на градинката.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply