Димитриевски: Имаме процесуирано кривични дела против луѓе во ОЈО, а дел од тие луѓе се членови на изборен штаб на Оливер Илиевски

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во емисијата Економски магазин на Алсат М телевизија истакна дека граѓаните ќе одлучат кој ќе биде следниот градоначалник, но и дека градот се бори против корупцијата.

Loading...

„Имаме процесуирано кривични дела против луѓе во Основно јавно обвинителство кадешто предметите не мрднале со прст, а дел од тие луѓе се членови на изборен штаб на господинот Илиевски“, рече Димитриевски.

На реплика на Михајловски во однос на бакарот што го снемува од спортската сала, Димитриевски одговори дека бакарот се складира во боксерската сала, во истата сала којашто ВМРО-ДПМНЕ ја уништи целосно.

„Ја дадовте, реиздадовте и неа и многу други објекти. Денеска, општина Куманово ја реконструира со сопствени средства преку северноисточниот плански регион за развој на региони кои се користат за развој на општината. И не се пари од државата, туку се од граѓаните. И трета работа, Куманово без разлика на сите овие различни ставови ќе продолжи да се развива како општина“, истакна Димитриевски.