Димитриевски и Мургашанска изразија сочувство до семејството Масевски

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски  и претседатлеката на Советот Атина Мургашанска денеска изразија сочувство до семејството Масевски, откако вчера на 73-годишна возраст, почина Димитaр Масевски, публицист, историчар, есеист и хроничар на градот Куманово.

Loading...

„Од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Куманово изразувам огромно жалење и сочувство до семејството за загубата на истакнатиот кумановски публицист, историчар, основач и претседател на Друштвото за наука и култура “Парадигма”- Куманово, поранешен директор на неделникот „Наш Весник” и главен уредник на Списанието за литература, култура, граѓански прашања и наука “Корени”, Димитар Масевски. Нема зборови со кои може да се опише оваа загуба. Како добар познавач на приликите во кумановскиот крај, зад себе ги остави монографиите: „Куманово, време во неговите времиња”, „Куманово”- Прилози за изучување на неговото минато од праисторијата до денес, „Куманово”- историја, уметност, традиција, култура, прво и второ издание на „Витражите на Куманово. Бројните трудови и записи за наше Куманово му донесоа и Ноемвриска награда на град Куманово. Неговите дела ќе останат врежани како неделив дел од културната историјата на наше Куманово, напиша Димитриевски.

Димитар Масевски, вели Мургашанска ќе остане забележан како неуморе хроничар на растот и подемот на градот и Општината Куманово и сите позначајни општествени, политички, културни, спортски и стопански збиднувања во Куманово и кумановско низ децениите на назад.

„Упатувам изрази на најдлабоко сочувство до членовите на неговото семејство и огромна почит и признание за се’ што направи за Општина Куманово и што сочува речиси цел еден нејзин век од заборав. Како некогашен негов главен уредник на Младинската редакција на НРИО ” Наш весник, сакам да искажам особена благодарност за драгоцените поуки од новинарството, маркетингот, а понатаму и во политиката кои ги стекнав во годините на успешна соработка со него. Во нашиот последен разговор, ми порача дека во последното издание на Монографијата за Куманово се застапени тројца од четворицата членови на семејството Мургашански и дека за некоја година очекува да пишува и за четвртиот, најмладиот. Драг колега и уреднику Димитар Масевски, се надевам дека тоа и уште многу други хроничарски записи, ќе остане аманет за твоите следбеници и наследници! Нека ти е вечна слава и мирен патот во вечноста, стои во објавата на Мургашанска.

Никола Ивановски

Leave a Reply