Димитриевски и Гоу Грин Скопје потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на проекти за младите, животната средина и зелени површини

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник за Општина Куманово Максим Димитриевски од иницијативата „За Наше Куманово“, денеска потпиша Меморандум за соработка со Гоу Грин Скопје.

Loading...

Свесни дека соработката и поддршката во делот на млади и животна средина е од исклучително значење за одржливо општество, двата потписника преку Меморандумот изразуваат добра волја да ја зајакнат соработката помеѓу нив, и да се залагаат за доброто на заедницата, врз основа на принципите на транспарентност и отчетност.

 

 

Доколку граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ ја добие поддршката од граѓаните, потпишаниот Меморандум за соработка предвидува вклучување на младинските барања за зелени општини во својата програма, градење одржлива општина и давање поддршка на Гоу Грин во имплементација на проекти за младите, животната средина и зелени површини, комуникација, отвореност и транспарентност кон младите.

Интегрално соопштение