Димитриевски и Ѓорѓиевска во посета на „Зафир Сајто“, најавија проширување на капацитетите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и носителката на листата кандидати за советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска денеска беа во посета на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Loading...

По средбата со штитениците на Домот, Димитриевски и Ѓорѓиевска најавија проширување на капацитетите на оваа институција и изградба на уште еден центар во Проевце.

– Поразговаравме за нивните потреби и услови во кои тие секојдневно функционираат, сакам да најавам во рамки на следните четири години дека ќе вложиме и инвестираме средства за проширување на овој капацитет и овој дом за стари лица кој е еден од најдобрите во државата. Во минатото се инвестирани сериозни средства, изградена е нова кујна, нови трперзарии и реконструкција на постоечките соби и дополнително отворање на уште еден ваков капацитет на локација Проевце, изјави Димитриевски.

 

 

Во овој момент, како што рече тој, се разговара и со Здружението на пензионери од Куманово, за да во следниот период се направи доградба на постоечкиот капацитет на Домот на пензионери во Куманово со цел нивно трајно сместување.

– Во моментот исто така разговаравме и со здружението на пензионери во Куманово, каде што со заеднички сили во следниот период сакаме да направиме доградба на постоечкиот капацитет на Домот на пензионери во Куманово за трајно сместување за пензионерите и со тоа ќе овозможиме на најстарите генерации посоодветно сместување и згрижување, изјави Димитриевски.

Loading...

Димитриевски ја побара поддршката од граѓаните за концептот „За наше Куманово“ и изрази верување дека ќе биде препознаен на претстојните локални избори.

Никола Ивановски