Димитриевски: Граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и партии (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Ова беше борба во којашто граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и политички партии“, рече денеска на прес конференција независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски.

Loading...

Тој најпрвин им упати јавна благодарност на граѓаните за поддршката во вчерашниот изборен ден.

– Еве еден ден по изборите сакам да се заблагодарам во мое лично име како кандидат за градоначалник и во име на кандидатската листа за советници поддржана од граѓаните „За наше Куманово“ за големата поддршка која вчера ја добивме од кумановчани и воедно да упратам порака првенствено и до тие коишто нѐ поддржаа, но и до тие кои не успеавме во првиот изборен круг да ја добиеме нивната поддршка дека ќе направиме се за да се здобиеме со вашата доверба, рече тој.

 

 

Димитриевкси вели дека со ова ќе отпочне демонтажа на веќе монтиран систем кој прави груба злоупотреба на системот во партиско-политички цели.

– Како и да е кумановчани и ние тоа го игнориравме и заедно успеавме. Драги мои во следните 14 дена ќе продолжиме заедно ќе тропнеме на секоја врата и повторно ќе ја побаравме вашата поддршка, да продолжиме заедно да го водиме Куманово како еден модерен урбанизиран и успешен град, рече Димитриевски.

Loading...

Никола Ивановски