Димитриевски: До крајот на 2021 градиме уште 6 спортски терени во Куманово, општината има реализација над 90% на програмата за работа

Сподели со своите пријатели

Во гостувањето во емисијата „Став“ на Телевизија Плус Куманово, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски најави дека до крајот на 2021 година ќе бидат изградени уште шест спортски терени во основните училишта во овој град. Тој истакна дека досега општината има реализација на над 90% од програмата за работа.

Loading...

„Во следниот период, до крајот на годината ќе изградиме уште најмалку шест спортски терени во основните училишта во општина Куманово, кои ќе ги користат учениците, но ќе ги користат секојдневно и граѓаните кои живеат во непосредна близина на училиштата. Дополнително, работиме проект со северно-источниот плански регион за реконструкција на стариот градски парк и верувам дека истиот ќе успееме да го реализираме до крај. Тука е и кружниот ток. Во програмата немаше кружни токови, но ние денеска го имаме еден од најубавите кружни токови во влезот на градот и се подготвуваме, распишана е тендерска постапка за изградба на вториот кружен ток. Ако е успешен и овој втор проект, ќе одиме и на трет кај градскиот пазар, но и на четврт на Трета македонска ударна бригада со ул. Гоце Делчев. Пред еден месец правев анализа на програмата, ако се сеќавате во месец октомври дадов отчет за три години од мандатот. Има голем број на проекти, коишто не биле во програмата, а се реализирани. На пример, во програмата не беше ставена реконструкција и изградба на спомен Костурница. Не беше ставена реконструкција на комплексот Соколана, ние тоа го работиме во моментов. Понатаму, изместувањето на автобуски постојки, изградба на спортските терени во средните училишта. Тоа не беше во програмата, но ние денеска имаме најдобри спортски терени во училиштата на ниво на државата. Дополнително, реконструкција на училиштата, опремување на сите средни училишта со смарт табли. Децата од септември кога ќе тргнат на училиште – се надевам дека ќе ја надминеме оваа криза, ќе имаат комплетно уредени училници со смарт систем, табли, така како што учат во Европа. Тоа го направивме со заштедите во делот на образованието“, потенцираше Димитриевски.

Димитриевски изјави дека во моментов се решава најстратешкото прашање за кое го обвинува опозицијата, а тоа е затворањето на депонијата Краста и регулирање на комуналниот смет.

„Нашиот комунален смет во иднина ќе се транспортира и ќе се носи во фабрика за преработка на смет, коешто ќе се гради од страна на Европска Унија. Добиен е грантот, Министерството за животна средина го спроведува целиот проект од 40 милиони евра и таму ќе се преработува тој отпад. А нашата депонија којашто е повеќе од 70, 80 години на таа локација, која во минатото континуирано беше предмет на опожарување итн, ние веќе три години немаме проблем со пожар. Тука ќе се направи претоварна станица каде сметот ќе се колектира во големи контејнери и ќе се транспортира. Една од причините зошто беше пробиен коридорот и изграден патот од село Биљановце до село Доброшане е токму таа причина. Бидејќи еден од коридорите кој ќе се користи како транспорт на тој смет секојдневно ќе биде таа релација“, рече Димитриевски.

Leave a Reply