Димитриевски: Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето неповикување на седниците на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил посочи дека глабоко е изненаден од игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ.

Loading...

„Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ на кои особено вчера очекував да дискутираме за мојот статус во партијата и бараме решенија за најновите состојби во партијата.Ваквото непочитување на статутот недостаток на демократски капацитет на дел од раководството само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства.- Членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега“, вели Димитриевски.