Димитриевски делеше маски на граѓаните пред банките (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановци денеска повторно во метежи пред маркетите, банките и поштите.

Loading...

Едни обновуваа залихи храна, други вадеа пари од банките, секој со своја потреба, но ретко кој внимаваше на препораките за заштита.

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски лично отиде пред дел од банките и на граѓаните во редиците им делеше заштитни маски.

 

Loading...

 

– Согласно заклучоците на ОШЗС, Општина Куманово формира редарска служба од сопствени вработени кои од денес започнаа да вршат редарска контрола на најпрометни места во градот, во соработка со СВР Куманово, при што поделивме и заштитни маски за граѓаните. Од утре свое учество во овие тимови ќе земе и Армијата, информира Димитриевски.

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply