Димитриевски: Царска Бугарија била официјално дел од фашистичката коалиција

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во мега интервјуто за печатениот медиум Фокус потенцира францускиот предлог е целосно неприфатлив за него, штетен и директно задира во македонските национални интереси, а изненадувачки, 7 дена по одбивањето на францускиот предлог, се појави таканаречениот старо-нов „модифициран“ француски предлог и истиот беше прифатлив и за Владата и за Претседателот на државата.

Loading...

„Овој предлог, во ваква форма, не го отвара патот на нашата земја кон стратешката цел, почеток на преговори со ЕУ, туку ја зголемува можноста за долгорочна блокада од страна на Бугарија и претставува опасност за долготрајна асимилација на македонскиот народ, т.е. селективна бугаризација која што всушност е активна и во моментот. Во вториот протокол потпишан од министрите за надворешни работи на двете држави, кој сега е дел од преговарачката рамка, јасно се наведени одредбите и темите, но и условите кои треба да ги исполниме за да ги почнеме преговорите со ЕУ: говорот на омраза, ревизија на учебниците, промена на написите на спомениците, рехабилитација на жртвите од комунизмот, отварање и оспорување на идентитетот на македонските историски личности и сл, па се прашувам кој кого окупирал во минатото – ние Бугарија или таа нас. Кој ги убиваше луѓето во нашата земја за време на окупацијата? Кој се обидува Македонија да ја прикаже како држава агресор и репресивна страна кога во нашата историја никогаш никаде никого немаме ниту нападнато, ниту пак поробено или окупирано? Ние со потпишувањето на ваков документ самите се доведовме во ситуација на инфериорност и трансформиравме еден еднострано наметнат билатерален проблем во мултилатерален проблем“, вели Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за МТВ: Граѓаните залужуваат на дебата да видат кој кандидат за Претседател на државата што нуди

Основен услов од овој предлог е вметнување на Бугарите како државотворен народ во нашиот Устав, што не е проблем за држава како Македонија која гради мултиетничко општество, но доколку се работи за народ којшто не ви ја негира државноста и македонската нација, што во случајов од страна на официјална Бугарија сме брутално негирани во континуитет т.е. од нивни официјални представници и носители на различни јавни функции.

„На крајот, можам да констатирам дека владата на Македонија доби меѓувладина конференција за сликање, поткрепена со ПР стратегија за некаков наводен успех, а граѓаните кај нас доживеаја големо понижување. Во однос на Преспанскиот договор, со кој не сум среќен до крај, како и многумина македонци, а со истиот се смени уставното име на нашата држава Република Македонија но се зачува македонската посебност, идентитет и јазик и претставува компромис кој на Македонија и отвори можност да влезе во НАТО и да затвори едно и тек како битно безбедносно и стратешко прашање. Тоа беше исто така договор за којшто многу малку во тој момент кога се водеше кампањата за референдумот, сите ние бевме информирани и ниту во еден момент не добивме информација дека ќе се откажеме од етничкото македонско малцинство во Грција, како и Асномските определби од Уставот, некористење на нашите автентични топоними за Егејска Македонија и друго. Секако историјата на крајот ќе суди кој, дали и на каков начин постапувал исправно, но Преспа беше влог во иднината на државата и повеќе никогаш никој не може да не заплашува дека Македонија нема да постои бидејќи влеговме во колективниот систем за безбедност НАТО како 30-та држава членка“, изјавува Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите

Тој порачува дека историјата не може да се менува.

„Од 1941 до 1944 година тогашна царска Бугарија беше официјално дел од фашистичката коалиција предводена од Германија и Адолф Хитлер. За тоа постојат безброј докази, фотографии, филмови, пишани и усни сведоштва. Неприфатлива е тезата од актуелното бугарско раководство дека во тој период бугарската фашистичка војска била администратор во Македонија, а не окупатор, воедно голем процент од бугарските полициски сили, наводно биле составени од домашното македонско население,чиста лага измислица, желба за самоамнестирање. Само во мојата општина Куманово има над 900 жртви кои се убиени во тој период, а најголем дел се убиени токму од бугарската окупациска армија и полиција. За таквите дела треба да се извинат како што тоа во минатото го стори Германија, врпочем тоа е обврска на официјална Бугарија и од Бледскиот договор. Согласно овие историски факти во Куманово нема да се избришат натписите на спомениците во кои стои бугарски фашистички окупатор во соработка со домашните предавници, четниците и балистите“, истакнува Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите