Димитриевски: 2021-2025 ќе биде период на ренесанса и изградба на нашата општина (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Перидот 2021-20215 ќе биде период на ренесанса и градба на нашата општина за еден модерен и европски лик“, порача вечерва од градскиот плоштад во Куманово независниот кандидат на грашанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски.

Loading...

– Преземам обврска да продолжиме заедно со овој тим, сериозен квалитетен тим кандидати за советници заедно со луѓето во општинската администрација да работиме посветено за сите вас во реализација на голем број инфраструктурни проекти, перидот 2021-2025 ќе биде период на ренесанса и градба на нашата општина за еден модерен и европски лик, бидејќи тоа го заслужува Куманово, тоа го заслужуваат кумановци, рече Димитриевски.

 

 

Како што рече тој, вечерва никој не морал никому да се јавува и да става имиња на хартија во штаботви, туку се собрале слободоумни луѓе од градот.

– Никој никому не мораше да се јави и да каже стави ми на хартија 10-20 или 30 имиња дади ги во штабот на својот претпоставен на работа за да можеш да бидеш почитуван или привилигиран, тоа се лажни бројки. Вистинските бројки постојат, но вечерва овде на овој градски плоштад се слободоумни луѓе на Куманово кои го имаат генот на Карпош, на Бајрам Шабани и многу наши кумановски револуционери, рече тој.

 

Loading...

 

Според Димитриевски во изминатиот мандат реализирани се над 400 различни проекти кои же се најдат во документот под име „Куманово се менува“, а кој ќе биде дистрибуриран до дел од домаќинствата.

– Програмата е парче хартија, ќе напишете се, ќе го поделите кај граѓаните, ќе поминете од врата на врата, но многу проекти остануваат како фикција. Јас вечерва сакам да ви кажам дека ние во изминатите четири години го сработевме ова, овој документ „Куманово се менува“ кој е отпринтан на повеќе јазици го дистрибуираме и ќе го дистрибуираме до 5.000 семејства во наше Куманово. Тука се повеќе од 400 реализирани проекти, градење на инфраструктура, нова водоводна, фекална, атмосферска канализација, нови спортски игралишта, реконструкции на основни и средни училишта, нови детски катчиња, спортски капацитети, 3 спортски училишни сали, кружен ток, првиот во градот, монтажна катна гаража и конечно реконструкција на Спомен Костурница која со господинот Љутви Азири од Гњилане заедно го сработевме тој проект, тој во неговот Гњилане, јас заедно со тимот во општината во наше Куманово, посочи Димитриевски.

 

 

Според Димитриевски, по цело осум години финансиски општината е стабилизирана.

Loading...

– Ако некогаш беше табу тема колку тоа пари има градот, денеска ќе ви кажам 250 милиони денари наши пари на сметка со кои заедно со тие четири милиони евра до крајот на оваа година и следната ќе реализираме заеднички проекти за сите нас. Дополнително транспарентно работење на општината која е рангирана во 10те најтранспарентни општини и она што е најважно. Ние членовите на општинската администрација не ги повикуваме со сила да дојдат на собир, конвенција или митинг, тие се тука доколку сакаат, но имаат една обврска да работат во функција на граѓаните на Општина Куманово. Бидејќи сите ние сме таму токму поради вас, не се граѓаните тука поради нас и така ќе продолжиме на тој начин тимски да работиме за наше Куманово, рече Димитриевски.

 

 

Според сѐ уште актуелниот градоначалник на Куманово, не била лесна одлуката да се повлечено, но вели дека дошла откако фразата „Македонија му должи и ќе му се раздолжи на Куманово“ останале празни зборови.

– Не беше одлуката по толку активизам да се повлече една ваква одлука која е и лично тешка, но кога излегувате пред јавноста и токму на оваа говорница поединци ви велат Македонија му должи на Куманово, Македонија ќе му се раздолжи на Куманово, а од сето тоа гледате дека во најголем дел остануваат празни зборови, кога ќе ве стават во искушение да одлучите помеѓу партиски и граѓански интереси, велам граѓанските државните националните, општите интереси секогаш пред партиските интереси на поединци кои менаџираат со политичките субјекти во нашата држава и верувам веднаш по оваа достоинствена битка, ако дозволат да биде таква, ќе се погледнеме во очи и можеби некој ќе сфати дека многу има погрешено и ќе мора да се извини не на мене, на вас граѓаните, посочи Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што потенцираше Димитриевски во изминатите години вратени се долгови од 11,5 милиони евра, што делумно помогнала Владата, но тие средства повторно ги наплатила назад преку камати.

– Вративме 11 и пол милиони евра долгови. Ни помогна морам да признам Владата со прибижно 110 милиони денари, но по основ на камати ни зема 250 милиони денари, па ни го земаа дел, друг дел ни вратија со нашите пари. Јас немам ништо против и посакувам Македонија да се развива како држава, но видете еден космополитски мултиетнички град како Куманово го сечат два меѓународни коридори без ниедна обиколница, проектна документација не сакаат да направат, го отсекоа пред два месеци со еднострана одлука општината и цел орашачки крај, остана запоставен, луѓето не можат да дојдат до градот, го затворија Искрин мост, без да соопштат на локалната самоуправа. Седнале двајца министри и им текнало мостот ќе паднел, еве ги нашите луѓе од Орашец, мака мачат, два месеци ги молам да дојдат да извршат санација на алтернативниот пат, протестираат луѓе никој не реаигра, срамно е почитуван мој другар Зоране и Оливере, срамно е ова што го правите, ако мислите дека ќе соберете луѓе на хартија и ќе ги одведете, многупати сме учествувале и во такви активности, но знаете дека тоа не поминува само си правиме лажна слика, посочи тој.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски