ДИК: СДСМ победи во 19, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во осум, Алијансата во три општини

Сподели со своите пријатели

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија по целосното пребројување на гласовите од сите 1.517 избирачки места на кои вчера се гласаше во вториот круг од локалните избори, кандидатите на СДСМ победија во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во осум, Алијансата за Албанците во три,  БЕСА во една, ДПА во една и кандидат на Група избирачи во една општина.

Во Кисела Вода победи Фили Темелковски од СДСМ со освоени 54,89 проценти од гласовите, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски освои 41,58.

Во Гази Баба победи Борис Георгиевски од СДСМ со 53,51 отсто од гласовите, а Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,09 отсто.

Во Бутел победи Велимир Смилевски од СДСМ со 57,02 отсто гласови наспроти Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 40,15.

Во Чаир најголем дел од граѓаните или 48,67 отсто гласаа за Висар Ганиу од ДУИ, а за Зекирија Ибраими од БЕСА  47,93.

Во Сарај победи Блерим Беџети од ДУИ со освоени 52,26 отсто од гласовите, а Башким Бакиу од БЕСА освои 46,73.

Во Шуто Оризари победи Курто Дудуш од СДСМ со 57,61, а Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите има 38,90 отсто.

Во Кавадарци победи Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ со 52,65 отсто освоени гласови, пред Бетиане Китев од СДСМ кој освои 46,09 проценти од гласовите.

Во Тетово со освоени 49,09 отсто од гласовите победи Теута Арифи од ДУИ пред Биљал Касами од Беса со 46,32 отсто.

Благој Бочварски од СДСМ со 51,54 проценти освеоени гласови победи во Штип пред Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ за кого гласаа 45,68 отсто.

Во Струга Рамиз Мерко од ДУИ го победи Зијадин Села од Алијансата за Албанците со освоени 49,53 наспроти 46,73 отсто од гласовите.

Извор: МИА

Loading...