ДИК јавно ги обелодени имињата на сомнителните гласачи

Сподели со своите пријатели

Спорните и сомнителни гласачи од Избирачкиот список кои се предмет на теренска проверка по вкрстената анализа,  јавно се објавени на веб страната на Државната изборна комисија, а можете да ги погледнете и на следниот линк.

На вчерашната седница на ДИК, за предлогот поднесен од Бедредеин Ибраими член на ДИК од ДПА, за објавување на имињата на спорните гласачи на веб страната на комисијата, гласаа членовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, Субхи Јакупи од ДУИ како и експертскиот член Реџеп Прекопуца.

Со одлуката ќе бидат објавени имињата на 87.362 кои се дел од теренската проверка.

Бонева рече дека процесот со ова ќе биде потранспарентен, за да може гласачите да знаат дека се спорни и да знаат дека ќе ги посетат анкетарите.

Членовите на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, предлогот го оценија како незаконски и спротивен на методологијата усвоена од политичките партии.

Теренската проверка на податоците на 89.338 гласачи за кои постојат несоодветни записи во избирачкиот список и другите дата бази од државните институции се врши со 488 анкетари во 80 општини во земјава.

Првиот ден од теренската проверка помина без посериозни проблеми и се очекува дека проверката ќе заврши до 3 април, информираат од Државната изборна комисија.