ДИК: Излезноста до 17 часот 43,83 отсто

Сподели со своите пријатели

Според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто, соопшти попладнево портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

Гугучевска на прес-конференција рече дека гласањето тече непрекинато освен на две избирачки места, во општините Бутел и Шуто Оризари каде што имало прекини поради технички дефект на УВ ламбите, но не подолги од половина час, поради што и таму гласањето ќе заврши во 19 часот.

– Сите избирачки места беа отворени навреме и гласањето тече без проблем, истакна Гугучевска.

До ДИК се доставени четири приговори од граѓани кои не биле запшишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршуавето на јавниот увид.

Извор: МИА

Loading...