Дијабетичарите се жалат на неисправни мерни инструменти за шеќер во крв (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Здружението на дијабетичари денеска на своето годишно собрание за извештајот за финансиското работење, при што обвинија дека мернит еинструменти кои ги добиваат за мерење на шеќер во крвта не покажуваат правилни вредности.

Најголем проблем ни претставува дистрибуцијата на инсулинска терапија. Понекогаш има, понекогаш нема, но најпроблематично во моментот е што лентите и инструментите што ни ги даваат не покажуваат правилно и ни прават проблеми. Мислам дека со заеднички сили и со централното раководство од Сојузот на здружението и дијабетичарите ќе биде тоа наскоро надминато – изјави Стефан Јовановски, претседател на Здружението на дијабетичари.

Loading...

 

Јовановски вели дека бројот на дијабетичари не само што е во постојано зголемување, туку има и голем број неоткриени случаи.

Тоа не е болест се додека не премине во болест, туку е состојба на организмот каде има недоволна и неквалитетна промена на материите и нарушен метаболизам и главна цел на Здружението и на сите медицински установи е навремено и предвремено откривање на скриениот шеќер кој прави најголеми проблеми за здравјето на луѓето – рече Јовановски.

DSC_0009

 

Членот на Здружението вели дека Куманово има една од најорганизираните ординации за дијабетичарите, а од 2007 година до сега има 4000 нови случаи.

Инсулин се случува да снема, но ден-два се регулира. Порано го делеа и немаа контрола сега компјутерски секој пациент си има ден и компјутерски се регулира и не може да се земе повеќе или помалку – изјави Стоиле Анастасовски, лен на Здружението на дијабетичари од Куманово.

 

Инаку утре во селото Никуштак ќе се одржи акција за мерење на нивото на шеќер во крвта со почеток во 12 часот, а претходно во селото Ропаљце истота ќе се одржи во 10 часот.