По најавите за изградба на четири метри високата ограда на границата кон Србија, унгарските власти, односно армијата, засилено почнаа да работат во обид да спречат влез на мигранти во нивната држава.
Loading...
Сто седумдесет и пет километри долгиот ѕид направен од жица, според Владата на Унгарија ќе спречи прилив на мигранти кои секојдневно влегуваат во државата во обид да продолжат со своето патување во побогатите држави од Европска Унија.
Ѕидот, висок четири метри и долг 175 километри на границата меѓу Србија и Унгарија, според сите прогнози ќе биде завршен до 30. ноември, а на поставувањето на оградата ќе работат 900 луѓе.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.