Дибиров: Многу е важно да го победиме Порто

Сподели со своите пријатели

Левото крило на македонскиот ракометен првак Вардар посакува уште еден добар меч и освојување на бодовите на средбата со Порто во Лигата на шампионите.

Loading...

– Сакаме да напредуваме секој натпревар. Против Порто да потврдиме дека победата со Флензбург не беше случајна. Португалскиот тим е многу квалитетен и игра добро независно дали гостува или е на свој терен. Многу се незгодни со тактиката 7 на 6. Ние можеме уште подобро. Ќе покажеме дека сме на добар пат. Излегуваме со ладни глави и цел да играме уште подобро од мечот со Флензбург. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесен противник во Лигата на шампионите, но многу ни е важно да победиме.

Натпреварот Вардар – Порто се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Вардар по две средби има една победа и еден пораз, додека Порто има две победи и два пораза на четирите одиграни натпревари во А групата од елитното натпреварување.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply