Девојки, еве како да дознаете кога точно ќе се омажите

Сподели со своите пријатели

Девојките често една на друга си го поставуваат прашањето “Кога веќе ќе се омажам?”. Многу од женската популација сакаат да ја завртат шољата за кафе или да зборува за хороскоп кога е со другарките, но со помош на бурма и чаша со вода ќе го добиете одговорот на ова фамозно прашање.

Loading...

За колку години ќе се омажам? За овој мал “експеримент” потребна ви е чаша со вода и бурма која е закачена на конец.

Го земате прстенот и ја полните чашата со вода, малку повеќе од половина, прстенот го закачувате на конец и го ставате во ценар од чашата малку над водата и чекате.

Она што понатаму се случува е прстенот сам да почне да удира на крајот од чашата, а вие броите, се додека тој сам не застане.

Колку пати ќе удри во чашата, за толку години наводно ќе се омажите.

Но, мора добра да обрнете внимание, бидејќи се случува прстенот некогаш да удри, а вие да не го слушнете.

Колку пати да го повторувате овој експеримент, секогаш ќе се повторува и истиот број на удирања. Околу “веродостојноста” на експериментот е тешко да се говоро, бидејќи се работи за народно верување…


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.