Девојче се обидело да ја спречи мајка си да вози пијана, го влечела детето со автомобилот речиси 100 метри

Сподели со своите пријатели

Жена од Калифорнија се соочува со бројни обвинувања откако ја влечела својата ќерка (8) речиси 100 метри, откако девојчето се фатило за рачката на вратата на автомобилот во обид да ја спречи да вози пијана.

Loading...

Ерин Гарсија (44) е уапсена откако полицијата ја пронашла како се крие во грмушките по инцидентот во четвртокот вечерта, пренесува Индипендент.

– Нејзината осумгодишна ќерка била загрижена дека нејзината мајка ќе вози иако била пијана, па ја следела Гарсија до автомобилот- соопшти полицијата.

Девојчето потоа се фатило за рачката на вратата од страната на совозачот и и рекла на мајка си да застане.

 

 

Гарсија го погледнала детето и продолжила да вози, додека ја влечела ќерката до возилото околу 100 метри – додаде полицијата.

Loading...

И минувачот и бабата на девојчето, мајката на Гарсија, се обиделе да ја спречат, објавија локалните медиуми.

– Прво застана, а потоа продолжи да вози, па ја влечеше  некое време, пред да побегне од местото на настанот – додаде полицијата.

Бабата повикала полиција, која ја нашла Гарсија како се крие во грмушка во дворот, а при апсењето се спротивставила и шутирала во полицајците.

Девојчето се здобило со повреди на нозете и стапалата.