Девизи, делови и облека запленија цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златни монети, девизи, автоделови, електромотори за ролетни, ултразвучен скенер, облека, козметички производи, очила за сонце и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Сума од 5.000 евра, била откриена при личен претрес на македонски државјани, кој како патник во автомобил со македонски регистарски таблици се пријавил за излез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во предниот џеб на патникот се пронајдени 7.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

Вкупно 490 грејачи за возила, биле откриени на железничката станица Табановце, при контрола на патнички воз кој сообраќал на релација Белград – Скопје. Производите, чиј сопственик е непознат, биле пронајдени под седиштата во неколку купеа, во два вагони од возот.

 

Loading...

grejaci

 

Октриени биле и 21 електромотор за ролетни и 7 парчиња автоделови, од страна на мобилните царински тимови, при контрола на еден швајцарски и еден германски автомобил, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

elektromotori

 

Во првиот случај,  во патна торба сместена во багажникот на германски автомобил биле пронајдени 21 електромотор за ролетни, додека во вториот случај во багажниот простор и позади совозачкото седиште на швајцарски автомобил биле пронајдени 7 парчиња автоделови (амортизери со спирали, ладилници и ламела). Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Вкупно 570 парчиња облека (шорцеви, женска долна облека и детски капи), 229 парчиња козметика (кармини, четки за кармини, шминки и вештачки трепки), 10 парчиња автоделови (сет сензори за паркирање и модули за централно заклучување) и 3 рибарски мрежи, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Куманово – Крива Паланка.

obleka

Производите, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во десет големи кеси, сместени во багажникот на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

avtodelovi

Loading...