Девет нови сателити пронајдени околу Јупитер

Сподели со своите пријатели

Астрономите и натаму откриваат сателити околу Јупитер, а во најновото откритие откриле десет, со што вкупната бројка на природни сателити на оваа планета е зглемен на 79.

– Не сфативме веднаш за што се работи. Ни беше потребна цела година за да утврдиме какви се тие објекти, вели Скот Шепард од Карнегиев Институт за наука во Вашингтон, кој го предводел астрономскиот тим, пренесува АП.

Природните сателити на Јупитер претходно не се забележани затоа што се мали, а астрономите не знаеле дали тоа навистина се сателити или астероиди кои минуваат покрај џиновската гасовите планета.

СПЕКТАКУЛАРНО: НАСА објави досега невидени фотографии од Јупитер (видео)

Loading...

Потврдено е дека, сите десет тела се сателити.

Астрономот Гарет Вилијамс од Центарот за мали планети при Меѓународната астрономска унија смета дека Јупитер можеби има уште сателити околу себе, но тие се мали и не се гледаат.

– Само не ги набљудувавме доволно, вели Вилијамс, кој помагал при утврдувањето на орбитата на сателити.

За најновото откритие и неговата потврда користени се телескопи во Чиле, Хаваи и Аризона.

Јупитер е опкружен со 79 сателити, од кои Галилео Галилеј открил четири најголеми во 1610. година, Јупитер е планета со најмногу такви тела околу себе во нашиот сончев систем, а следуваат Сатурн со 61, Уран со 27 и Нептун со 14.

Марс има два, Земјата само Месечината, додека Меркур и Венера немаат ниту еден.

Leave a Reply