Девет години од загинувањето на тројцата кумановски офицери кај Блаце

Сподели со своите пријатели

Денеска се навршуваат осум години од хеликоптерската несреќа која се случи близу Катлановско Блаце,  во која трагично загинаа единаесет припадници на  воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ.

По тој повод, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, ВБР, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр денес ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјата пред командата на ВБР во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.

Капетан Бране Спасовски (39) од кумановската населба Перо Чичо, потполковникот Тони Спасовски и Мики Ивановски од село Доброшане беа тројца од единаестте лица кои настрадаа во хеликоптерската несреќа кај Катланово.

Свежо цвеќе ќе положи и министерот за одбрана, Зоран Јолевски.