Девет бегалци од Табановце вчера завршиле во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Вкупно девет бегалци од 1.300-те кои се наоѓаат во Транзитниот центар Табановце, поради компликации со здравствената состојјба завршиле на одделенијата во кумановската болница, информираат од Регионалниот центар за  управување со кризи.

­Едно лице од Сирија било донесено на Ендокринологија каде му бил направен специјалистички преглед, одноно извршени потребни иследувања,направени потребни интервенции и дадена соодветна терапија, по што истото било вратено на пункт Табановце.

На Инфективното одделение завршиле двајца државјанин на Авганистан заедно со уште три лица од Сирија, каде по извршените прегледи и пружената лекарска помош исто така биле вратен на Табановце. Две лица од Сирија пак завршиле на Очното одделение каде им бил извршени преглед од страна на лекар специјалист и по укажаната помош исто така го вратиле на Табановце.

На Одделението за гинекологија била донесена бегалка од Авганистан каде и биле направени специјалистички прегледи пружени неопходните лекарства и истата била вратена на Табановце како и останатите.

 Инаку вчера во кампот имало вкупно 802 бегалци, од кои 467 од Авганистан, 232 од Сирија, 87 од Ирак, едно од Пакистан, две од Либан, 13 од Иран, како и 237 бегалци на гранична линија, од кои 230 Сирија и 7 Ирак, велат од МТСП.