НУ Музеј Куманово денеска организира „Детска ликовна работилница“, во рамки на проектот „Сподели богатство“ поддржан од Министерството за култура.
На работилницата учествуваат деца на возраст од 7 до 11 години од основните училишта во Куманово.
– Проектот има за цел да ги запознае децата уште од најрана возраст со музејската дејност, значењето на музејските предмети и нашето културно богатство преку разни форми и области прилагодени за нивната возраст, изјави Неда Митковска, кустос од НУ Музеј, Куманово.
Децата од Куманово преку ликовни изразувања и заедничка интеракција со вработените од кумановскиот музеј градат свесност за музејската култура, историја, етничка припадност и заедништво. Целта на овој проект е кај децата да се развие љубов кон старините, кон нашето богато, заедничко минато.
– Инаку, работилницата се одржува и по повод деновите на градот Куманово, така што учениците ќе ги разгледаат и делата од традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“ за да се инспирираат и творат“, изјави кустосот Габриела Митевска од НУ Музеј Куманово.
Музејот на овој начин ја остварува идејата – отворена институција за сите креативци, конкретно во овој случај за најмладата популација. Проектот се реализира во рамки на годишната програма за 2017-та година и е поддржан од Министерството за култура.
Извор: МИА
Loading...