Дете е 45-та жртва во несреќата во Бугарија, телото е пронајдено во автобусот

Сподели со своите пријатели

Во опожарениот автобус на Струма е пронајдено 45-то тело.

Loading...

Ова се случило при повторен преглед на возилото. Веста за бугарската НОВА ја потврдил заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Вчера инспекторите рекоа дека се сомневаат дека е исчезнат член на групата, односно дека вертојано несреќата ја преживеале 8 патници, но еден од нив е исчезнат

Веста за НОВА ја потврди и портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

„За жал, мистеријата е решена. Пронајдено е 45-то тело. На увид се пронајдени останки од дете. Ниту едно осмо лице не е спасено. Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, 45 биле пронајдени во автобусотм 7 се во Пирогов, за жал нема уште еден спасен“, рече таа.

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела.

Мора да ја донесат документацијата поврзана со автобусот и ДНК профилите на роднините на загинатите.

Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.

Loading...