Десет дена човек по струен удар не може да замине на лекар, оти селото Дејловце сѐ уште е завеано

Сподели со своите пријатели

Снегот кој паѓаше изминатиот викенд сѐ уште е проблем за жителите на селото Дејловце, кои и натаму се отсечени од светот поради високи снежни наноси.

Loading...

Неколку лица во текот на вчерашниот ден се обратиле во Регионалниот центар за управување со кризи од каде побарале да се расчистат патиштата.

Патниот правец од селото Арбанашко до селото Дејловце е непрооден поради големи наноси на снег, а едно лице кое пред 10 дена претрпело струен удар има потреба од лекарска помош, пријавил еден од мештаните.

Друг жител пријавил дека веќе пет дена немаат електрична енергија, но и упатил барање до надлежните патниот правец од Арбанашко кон Дејловце да биде расчистен од надлежните служби.

– Од наша страна известено е лицето за контакт со Општина Старо Нагоричане дека локалниот пат од село Арбанашко до село Дејловце е непрооден и е потребна итна инервенција на расчистување на патот. Од лицето за контакт сме известени дека машината моментално се наоѓа во с.Дејловце но нема информација дали ќе се расчисти патот и при тоа не извести дека во текот на денот дополнително ќе не извести за патот дали е прочистен. Меѓутоа на наши неколку обиди повторно да воспоставиме телефонскиот контакт со лицето одговорно за контакт не ни се јави, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од ЕВН Македонија ги известиле дека во селата Дејловце, Осиче и околните места има испад на далековод и екипите работат на отстранување на дефектот.

Електричната енергија се очекува да дојде најдоцна денеска, но кога ќе им биде прооден патот останува енигма.

Никола Ивановски / фото: архива

Loading...

Leave a Reply