ДЕРБИ САБОТА: МРК Куманово го пречекува Алкалоид, ЖРК против Пелистер

Сподели со своите пријатели

Вистиснки дерби викенд ќе имаат можност да проследат кумановци денеска во двата ракометни натпревари, во кои играат машката и женската екипа на Куманово.

Loading...

Први на мегдан ќе излезат ракометарките на Куманово кои од 17 часот го пречекуваат составот на Пелистер. Незапирливите кумановки кои од почетокот на сезоната не бележат пораз и по 14 одиграни натпревари се апсолутен фаворит на денешниот меч. Од друга страна Пелистер е четврто позиционирана екипа во табелата со седум победи.

Неколку часа подоцна, односно од 19:30 часот на програмата е машкото дерби. Ракометарите на МР Куманово се на четвртата позиција во табелата со девет победи и четири нерешени натпревари од почетокот на сезоната. Нив ќе ги очекува далеку потешка битка од дамите, бидејќи го пречекуваат лидерот на табелата Алкалоид кој има 14 победи од досегашните 15 кола.

И двата натпревари ќе се одиграат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Никола Ивановски