ДЕРБИ НАТПРЕВАР: Ракометарките го пречекуваат Металург

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово денеска на домашен терен го игра клучниот натпревар од првиот дел во оваа сезона. Противник ќе им биде екипата на ЖРК Металург од Скопје. Во првиот дел од полусезоната кумановки беа поразени со резултат 25:20.

Поразот против екипата на Вардар Јуниор го заборавивме и спремни сме да и се реваншираме на екипата на Металург. Мотивацијата кај нашите ракометарки и тимскиот дух е на високо ниво и се очекува победа изразена со повеќе голови разлика. Сите во клубот сме сконцентрирани за овој натпревар да се прикажеме во светло издание, а тоа треба да се потврди и во текот на 60. минути од натпреварот. – велат од управата на клубот.

Натпреварот се игра во салата на ОУ Христијан Тодоровски-Карпош денеска (02.12.2017) со почеток од 18:15 часот.