Депонијата Краста не е дислоцирана и покрај ветувањата, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели

И покрај ветувањата на градоначалникот Максим Димитреивски пред изборите, за дислокација на депонијата Краста во Куманово, тоа не е сторено, рече денеска Филип Симоновски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Симоновски, тоа е проблем кој константно се игнорира од локалните власти, а депонијата е надвор од сите норми и правила.

– Во пресрет на зимската сезона, сакаме да укажеме дека овој проблем може да влијае врз загадувањето во градот кое е на високо ниво. Не знаеме дали постои некое друго место кое има депонија во самиот град на само неколку метри од првите најблиски живеалишта. До кога Куманово ќе биде маргинализирано за секој проблем и секое барање. До кога локалните власти нема да се занимаваат со вистинските проблеми во градот, истакна Симоновски на денешната прес конференција.

 

Loading...

 

Дислокацијата на депонијата стои и во планот и програмата за справување со отпадот и депониите во градот, а која беше објавена во предизборната кампања на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, чиј што предвиден рок за реализација беше 2020. година.

Leave a Reply