Денс Студио МАК од Куманово со бројни медали од своите настапи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денс Студио МАК од Куманово  оваа сезона ја започна со  многу активности, настапи и натпревари на кои се закити со многубројни награди.

Loading...

Студиото оствари 3 гостувања надвор од државата во Осијек, Хрватска  во октомври , во Сараево, Босна и Херцеговина и во Нови Сад,  Србија во ноември.

Во Осијек и во Сараево  менторот на студиото  Мерлин Стојановска беше дел од судискиот панел како претставник од Македонија, а студиото се закити со две први места во конкуренција на 8 држави.

Изминатиот викенд Денс Студио МАК се врати од Меѓународен фестивал  „Денс Фест Нови Сад“ во Србија каде што се зедоа учество 12 држави со 500 кореографии од целиот свет.

Loading...

Студиото настапуваше со седум кореографии од кои шест се закитија со злато и една со сребро, со што воедно оваа година е најуспешната за нив на овој фестивал.

Кореографиите за фестивалот беа на Мерлин Стојановска ,Игор Шкомац, Ања Башковч , Милена Манева, Леа Абинум, Милош Исаиловиќ и Кристина Пауновски.

Како дел од проектот „Be Active“  на Агенцијата за млади и спорт одржа целовечерен концерт пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје , ја одбележа прославата на 10 години  постоење на ТЦ „Сума“ со свој концерт во Куманово, а беше и гост на Општина Прилеп по повод „11 Октомври“ со свој целовечерен концерт како претставник на Општина Куманово.

Воедно членовите на Денс студио МАК беа дел од одбележувањето на празникот „11 Октомври“ на Спомен Костурница со најмалите членови на студиото и ги отвори овогодишните „Денови на комедија“ со свој перформанс.

Loading...

Од забавниот дел беше придружник на Мина Блажев на настапот на „Мак Фест“ во Штип.

По повод 500 години постоење на градот  го организира и спроведе квизот „Колку го познаваш својот град“ под менторство на Мерлин Стојановска и Саша Николиќ, а  настанот беше збогатен со засадување на „Дрво на пријателство“ со едукативна табла и мото на децата.

Исто така по повод 500-годишнината на градот ја отвори свечената академија со свој перформанс кој беше пропратен со големи овации од публиката.

Плановите за во иднина за Денс Студио МАК се Новогодишен концерт на кој веќе напорно работат и патување во Словенија, Хрватска, Русија и Австрија.

Leave a Reply