ДЕНОВИ НА КОМЕДИЈА: Смеење до солзи со претставата на хрватскиот театар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската публика вчеравечер уживаше во претставата „Боинг Боинг“ на Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска на четвртата вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ кој се одржува во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Одличната актерска екипа успеа да го задржи вниманието на публиката и да ја насмее до солзи, и покрај фактот дека претставата е малку подолга од вообичаените и се игра во два чина.

Станува збор за комедија според текстот на Марк Камолети, а во режија на Нина Клефлин. Играат: Дориан Паулиќ, Владимир Андриќ, Сања Тот, Јосипа Оршолиќ, Матеа Марушиќ и Зденка Шустиќ.

Комедиите продолжуваат утре со претставата на Театар Струмица „Умри машки“.

Во меѓувреме вечерва ќе се одржи концерт посветен на 40 години од работата на Центарот за култура во Куманово, а на кој ќе настапат Весна Гиновска Илкова и Трио Џентлмен.

Во продолжение погледнете ја и галеријата од вчерашната претстава „Боинг Боинг“ на Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски