Денот на Армијата одбележан во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со воена свеченост денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ беше одбележана 27-годишнината од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија.

Loading...

Освен претставници на Армијата, на денешната свеченост покрај градоначалниците и институциите од зоните на надлежност, присуствуваше и командантот на националнага гарда на Вермонт аѓутант генерал Грегори Најт.

Пред присутните се обрати командантот на Здружената оперативна команда генерал мајор Павле Арсовски, кој даде осврт на придонесите и активностите со кои се истакнале припадниците на ЗОК во текот на изминатата година. Пред нас и натаму стојат големи предизвици, мисии и задачи, посочи тој.

– Најголем предизвик ќе претставува нашето целосно заокружување на членството во НАТО алијансата и успешно реализирање на процесот на пристапување и интеграција. Периодот кој следи ќе претставува понатамошен развој и модернизација на Армијата со нова опрема и подобрување на инфраструктурата во која живееме и работиме. Сигурен сум дека можеме ова да го направиме, а причината за оптимизам ја пронаоѓам во охрабрувачките и постигнати резултати од претходниот период. Продолжуваме со исто темпо и ентузијазам целосно посветени со исполнување на нашите обврски, истакна генерал мајор Арсовски.

Loading...

На свеченоста зборуваше и командантот на првиот механизиран пешадиски баталјон, воедно и командант на гарнизонот Куманово, потполковник Стојанче Костов, кој се осврна на историските моменти од формирањето на Армијата.

-Да се биде припадник на Армијата претставува огромна чест задоволство, но и обврска. Императивите, обврските и одговорностите кои произлегуваат од војничката професија поеднакво ги делат сите нејзини припадници. Изминатите 27 години се успешна потврда дека со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност кон реформите, цврсто уверени во нашите можности и во нашиот стручно респектабилен човечки потенцијал, изградивме Армија достојна за почит и целосно подготвена за полноправно членство во НАТО, рече Костов.

На манифестацијата со едноминутно молчење им беше одадена почит на сите припадници на воените сили кои ги загубиле животите на браникот на државата, а беа врачени и одликувања, унапредувања и пофалби на дел од војниците.

Повеќе фотографии на нашиот Инстаграм профил.

Loading...

Leave a Reply