Денот на АРМ утре ќе се одбележи во кумановската касарна

Сподели со своите пријатели

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово утре со почеток во 10.30 часот, со воена свеченост единиците од гарнизон Куманово ќе го одбележат 18 ти Август, Денот на АРМ.

По повод 26 години од формирањето на Армијата на Република Македонија во рамките на прославата согласно Правилото за воен протокол ќе се реализираат низаактивности, меѓу кои постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, интонирање на државната химна на Република Македонија и химната на АРМ, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починатите припадници на АРМ, честитање на празникот, пригоден говор, читање стимулативни мерки и наредби за унапредувања на старешини, врачување на одликувања, награди и пофалби  и честитки.

По завршување на официјалниот дел е организиран ТТ збор на вооружување и опрема со кои располага единицата како и коктел за присутните.

На прославата се поканети и преставници од државна управа, јавните установи и служби, Градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Leave a Reply