Денот на албанската азбука неработен за Албанците

Сподели со своите пријатели

Следува уште еден неработен ден, но овој пат само за припадниците на албанската заедница.

Loading...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2019 година (петок), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Leave a Reply