Денис Каревски е новиот претседател на ЛиДеМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Либерално – демократската младина од Куманово на своето редовно годишно изборно Собрание, го избра новиот состав на  Општинскиот и Надзорниот одбор.

Loading...

image (1)

Веднаш по завршувањето на Собранието, се одржа првата конститутивна седница на Општинскиот одбор на која за нов претседател на ОО на ЛиДеМ – Куманово беше избран Денис Каревски.

Денис Каревски е дипломиран економист и повеќегодишен член на ЛиДеМ Куманово. Неговиот избор доаѓа откако му заврши двегодишниот мандат на Давид Цаневски.