Денеска започнуваат уписите на државните факултети

Сподели со своите пријатели

Вкупно 24.356 слободни места има за новите бруцоши за кои од денес па во наредните неколку дена ќе бидат отворени вратите на државните универзитети ширум земјава.

Новите академски граѓани за претстојната 2016/17 денеска ќе можат да се запишат во Битола, Штип и Охрид, а во Скопје и Тетово пријавувањето на студентите ќе започне во четврток.

Во државна квтора ќе може да се запишат 13.536 студенти, 7.327 со кофинансирање, како и 3.493 вонредни студенти. За редовните студенти надоместокот по година ќе изнесува 200 евра, односно 100 за дисперзирани студиски програми, додека од 100 до 400 евра по година ќе се движи цената за оние кои ќе се запишат со кофинансирање.

УКИМ вратата за бруцошите ќе ги отвори на 18ти и 19ти август, додека 15, 16 и 17 ќе биде резервиран за оние кои ќе сакаат да студираат на универзитетите во Битола или Штип. За оние кои ќе се одлучат за студиите во Охрид уписите ќе бидат на 15 и 16 август.

Вториот уписен рок ќе биде на 5 септември, а доколку останат непополнети места на 15 септември ќе има и трет уписен рок паралелно со почетокот на академската година.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.