Денеска врнежи од дожд и снег и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Утрото започна со високи температури на повеќе места низ државата, но обчачноста започнува да се зголемува во поголемиот дел од државата, а веќе претпладне во западниот регион се очекува локален дожд, пишува порталот метеопро.мк.

Во текот на денот истите ќе бидат поизразени во источниот регион, додека во вечерните часови ќе престануваат, освен во југозападниот крај каде на места ќе има слаби услови за врнежи.

На повисоките места ќе дојде до врнежи од снег поради падот на температурата која ќе се спушти веќе во попладневните часови, со слаби услови во текот на вечерните часови снежни провејувања да има и на некои пониски места, но не доволно да се формира снежна покривка.

Максималната температура во денот поради јужното влијание во текот на денот се уште ќе биде висока и ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени целзиусови. Постепен пад на истата се очекува со почетокот на северниот ветер во попладневните часови, кој ќе биде умерен, со услови за локално засилување.

Во Куманово денеска времето ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд веќе во попладневните часови, кои во текот на ноќта ќе преминат во снег. Максималната днева температура ќе изнесува 9 степени, додека во текот на ноќта истата ќе биде само два степени во негатива.