Денеска врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите повеќе ќе бидат застапени попладне во западните делови od земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Минималните температури низ државата ќе се движат од 6 до 12, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервалот од 17 до 23 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе имаме значителна промена на временските услови, односно покрај сонцето во попладневните часови ќе имаме и појава на грмежи и врнежи од дожд, како и ветер со брзина до 30 километри на час од јужен, односно југоисточен правец. Температурите ќе бидат пониски во однос на вчерашниот ден, односно максималната дневна ќе се искачи до 22-от степен, додека истата во текот на ноќта ќе падне до 8 степени целзиусови.

Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, осoбено во југоисточните делови. Во недела ќе биде посвежо, а врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и пораст на дневната температура.