Денеска во Куманово ќе се одржи Караванот на толеранција – „Извинете, дали е омразата ваша?“

Сподели со своите пријатели

Во периодот помеѓу 3ти Ноември и 14ти Ноември 2015, меѓународната младинска организација, Млади за Размена и Разбирање (Youth for Exchange and Understanding International) организира караван по Балканот кој има за цел да ја подигне свеста за негативните последици од говорот на омраза. Караванот ке се движи во неколку градови по Балканот и тоа: Приштина, Куманово, Лесковац, Сараево, Бања Лука, Вуковар и Нови Сад.

Loading...

30 Млади луѓе од 14 различни држави ќе се приклучат на Караванот на Толеранција да разговараат за проблематики во областа на мирот и правото на слободно изразување на љубов. Караванот на Толеранција ќе посетува конфликтини градови кои се погодени од недамнешни војни, во пошироко сфаќање, и ќе изведува театриска претстава за “забранетата љубов”.

Центарот за Интеркултурен Дијалог, како партнер и член на меѓународната мрежа го организира настанот во Куманово на 6ти Октомври, и распоредот на настаните е подолу во прилог:

17:00-Уличен перформанс на градскиот плоштад во Куманово

18:30-Изложба на фотографии и видеа – во МултиКулти Младинскиот Центар

19:00-Татарски перформанс – во МултиКулти Младинскиот Центар

19:45-Дискусија и затварање – во МултиКулти Младинскиот Центар

Караванот на толеранција е дел од едногодишен проект “Извинете, дали е омразата ваша?” кој има за цел да ги развие капацитетите на младите од пост-конфликтни области да делуваат како мултипликатори во нивните локални средини во процеси за градење на мир.

Loading...

Проектот е подржан од Европската Младинска Фондација на Советот на Европа.