Денеска услови за снег, потопло од викендот

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше малку до умерено облачно, а изутринава е променливо облачно со умерен северен ветер. Во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Лазарополе има слабо провејување на снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Променливо облачно, во северозападните и северните делови со локален слаб снег, ќе биде времето во текот на денот. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за слабо провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 2 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во петок ќе има слаби локални врнежи од снег. Во деновите од викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Leave a Reply