Денеска услови за снег и на пониските места, температурата во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во кумановско во текот на утринските часови ќе изнесува четири степени под нулата, а во текот на денот максимумот ќе достигне само три степени.

 

Loading...

 

Утре според најавите на УХМР, ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег.

Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студеното време.

Во петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Никола Ивановски

Leave a Reply