Денеска услови за невреме со почести електрични празнења и град

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови се очекува нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмотевици.

Температурата во кумановско денеска ќе биде во интервал од 12 степени во утринските часови, до максимални 26 во текот на денот.

 

 

Loading...

Како што потенцираат од УХМР, до недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Температурата во следните денови нема значително да се менува.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply