Денеска услови за нестабилност, од среда суво и особено топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе бидат од 12 до 21, а максималните дневни ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени.

До утре претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Од среда следи период на стабилно, не особено топло и суво време.

Leave a Reply