Денеска услови за дожд и постудено

Сподели со своите пријатели

Времето рано утринава е претежно облачно и ветровито. Помалку облачност има на југоисток. На планините на запад има врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег и тоа во Охрид, Битола Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица. Продолжува да дува умерен северен ветер кој повремено засилува особено на северот и на повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува засилен северен ветер најизразен на север во кумановско, во делови од скопско, во штипско и кон југ долж Повардарието. Брзината на ветерот понекаде ќе надминува 70 км/час. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 4 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

Leave a Reply