Денеска услови за дожд и грмотевици, пад и на температурата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд проследени со електрични празнења. Температурата ќе се движи од седум степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

 

Loading...

 

Од утре ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен до засилен ветер од западен правец, освен во вторник кога ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи, велат од УХМР.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply