Денеска умерено облачно, потопло и стабилно време дури за викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од шест степени во утринските часови, до максимални 21 во текот на денот.

 

Loading...

 

Во среда ќе биде стабилно со засилен југозападен ветер. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд и засилен северен ветер.

Стабилно и потопло се очекува за време на викендот.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply