Денеска топло и стабилно – заладување дури од недела

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден ќе биде претежно сончев и воглавно стабилен. Само кон крајот на денот во поширокото охридско подрачје може да се очекува слаб локален развој на облачност кој може да донесе повремен и краткотраен дожд.

Loading...

Денеска ќе биде топло, а максималната температура ќе има вредности од 36°С до 38°С во повардарскиот регион, околу 33°С во југозападниот регион и околу 34°С во котлините од источниот крај.

Долго очекуваното освежување во смисла на пониска дневнна температура е на повидок. Иако ќе задоцни во однос на најавите на прогностичките материјали од пред една недела, сепак се поизвесно е дека од недела попладне ќе можеме малку да здивнеме.

Извор: МетоПро